Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Орце Камчев оди 30 дена во Шутка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
20.4.kamcev

ПРВО НА СКОПЈЕ1.МК  Мерката 30 дневен притвор е за обезбедување на негово присуство.

— реклама —

Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на бизнисменот и сопственик на “Орка Холдинг”, Орце Камчев, неофицијално дознава “Скопје 1”

 

— реклама —

Камчев доцна попладнево беше на распит во судот, откако СЈО поднесе обвинение против него, бидејќи е опфатен во случајот “Империја” објавен денес.

Специјалното јавно обивнителство утрово влезе во голем број фирми кои се доведуваа во сопственост на Јордан Камчев. Од СЈО не соопштуваат кои се фирми, утрово, биле постени од тимови на истражители, но повеќе од извесно е дека истражителите и полицијата влегла во „Орка холдинг“, болницата „Систина“ и „Стопанска банка – Битола“. Во кулоарите се шпекулира дека СЈО вршел претреси и во хотелите „Мериот“ и „Ибис“, во центарот на Скопје, но и во битолска „Пелистерка“.

„По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети, кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име 'Империја', против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“ - информираат од СЈО. Од СЈО појаснуваат дека утрово биле извршени 12 претреси и дека во рамки на акцијата „Империјал“ биле приведени пет лица. Инаку, освен потврда дека меѓу осомничените се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и мајката и сестрата на главноосомничениот, Јордан Камчев од СЈО и најава дека тие ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка. Според непотврдени сознанија на Телевизија 24, СЈО ќе побара мерка притвор само за Камчев, додека за другите ќе се побараат други мерки за нивно обезбедување. СЈО најавува брзо проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правни барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела, ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања