Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Оревокршачка“ од Чајковски во НОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
orevokrsacka-mob-640x294-1

По повод новогодишните празници, Националната опера и балет (НОБ) на големата сцена ќе ја изведе божиќната балетска бајка „Оревокршачка“, а се најавени и три изведби на 24, 25 и 28 декември.

Со величествената музика на Чајковски, по кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија, претставата е пренесена од Михаил Крапивин од Русија, сценограф е Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.

— реклама —

Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски и Ела Канер од Турција во претставата на 24 декември; Ивана Коцевска, Балаж Лашеи од Унгарија и Ела Канер од Турција во претставата на 25 декември; Христина Наќевска, Балаж Лашеи од Унгарија и Ела Канер од Турција во претставата на 28 декeмври.

Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања