ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Оризопроизводителите ќе добијат по пет денари за килограм по предаден оризова арпа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
orizoprozvoditeli

Дополнителна субвенција од пет денари за килограм е мерката со која Владата ќе ги мотивира оризопроизводителите да ја предадат арпата во фабриките за откуп, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со оризопроизводителите во Штип.Според министерот, оваа родна година се очекува откуп од 18 до 20 илјади тони ориз. Досега биле откупени околу 20 проценти, но како стимул се нудат субвенции од пет денари за килограм оризова арпа.

— реклама —

Тој најави дека мерката во вторник ќе биде ставена на владина седница и усвоена. Со мерката, оцени, ќе се раздвижи пазарот, а оризопроизводителите ќе можат да го продадат своето производство.

-Мерката ќе важи до 31 март 2019 година и сметаме дека со неа ќе направиме значајно раздвижување. Очекуваме 5.000 до 10.000 тони да бидат дополнително опфатени. Го прифаќаме барањето на подсекторската група и барањето на оризопроизводителите за дополнителни пет денари. Сметаме дека тоа за Владата треба да е прифатливо и излегуваме со еден позитивен аспект и позитивен однос кон целокупната оваа гранка, вели Николовски.

— реклама —

Оризопроизводителите пак веднаш го искажаа своето незадоволство и од откупната цена и од субвенциите, затоа што, како што рекоа, цената од 18 денари не ги покрива ниту најосновните трошоци. Од синдикатот на земјоделците велат дека дел од производителите веќе реализирале некаков откуп, што значи тој дел не може да влезе во новата мерка. „Затоа предлагаме субвенција не од продаден килограм арпа, туку од хектар добиен ориз. Плус тоа, оваа мерка е со ограничен период и нема да бидат опфатени сите производители, а во врска со откупната цена, таа треба да изнесува најмалку 25 денари“, велат оризопроизводителите .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања