Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Осма жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина 70-годишен жител на Драчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m
Илустрација / Скопје1

Западнонилската треска ја однесе осмата жртва во Македонија. Станува збор за 70-годишен жител на скопско Драчево, кој подолг период се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

— реклама —

Информацијата за Телевизија 24 ја потврдил министерот за здравство Сашко Клековски. Од Клиниката информираат дека пациентот имал повеќе коморбидитети, а леталниот исход настапил во текот на вчерашниот ден.

— реклама —

„Пациентот се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а леталната состојба настана во текот на вчерашниот ден. Пациентот беше со повеќе коморбидитети. Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден“, велат извори од Клиниката за инфективни болести.

Драчево е меѓу подрачјата во Скопје каде што граѓаните пријавуваат зголемено присуство на комарци. Дел од жителите сметаат дека не се преземени доволно мерки за заштита, додека други велат дека надлежните активно постапуваат на терен.

— реклама —

Според последните информации наведени од Телевизија 24, во Институтот за јавно здравје се испитуваат и нови сомнителни случаи. Досега се потврдени 56 случаи на западнонилска треска и осум смртни случаи, што е повеќе од вкупниот број регистрирани случаи во Македонија во последните десет години, според податоците објавени во прилогот.

— реклама —

Меѓу најпогодените скопски општини се Кисела Вода, Бутел и Аеродром. Македонија, според прилогот, е меѓу најпогодените земји во регионот според бројот на заразени и починати лица во однос на бројот на жители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања