Промени тема
Контакт

Османи да одговори за скандалозното именување на конзули, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bujar-osmani

ДУИ и СДСМ ја сведоа дипломатијата на чист клиентилизам и исполнување на партиски хирови, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се водат од стручност Бујар Османи и Артан Груби на две важни позиции во дипломатијата зад затворени врати именувале ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули во Њујорк и Чикаго. Пиунот Ковачевски е оставен како статист и нем свидетел на ваквата кадровска политика која е срам за Македонија не само пред домашната, туку и пред меѓународната јавност.

— реклама —

Владата очигледно зад затворени врати именува, па после зад затворени врати ги менува своите одлуки. Останува нејасно дали и Ковачевски стоел зад затворените врати па не знае што му се случува во владата која ја администрира.

— реклама —

Владата должи одговори според кои критериуми се именувани ТВ презентерка на вести, Бесмира Ејупи и Петри Муслиу, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу?

— реклама —

Наместо ад се крие, Бујар Османи треба да излезе и да даде одговори, но и да понесе одговорност за девалвирање на македонската дипломатија. Правото место за отчет му е во Собранието пред пратениците кои треба да ја контролираат работата на владата и на министрите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања