Промени тема
Контакт

Османи и Заев секој месец со нов изговор зошто не сме добиле датум, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Zaev-25

Бујар Османи и Зоран Заев секој месец измислуваат нов изговор зошто не сме добиле датум, и зошто наредниот месец сигурно ќе добиеме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен тоа што е трагично, станува и смешно. Владата и Бујар Османи секој месец велат дека државава ќе добие датум за преговори наредниот месец. И се така 4 години, откако Бујар Османи и Зоран Заев се сликаа во владиниот авион со веста дека сме добиле датум.

4 години СДСМ и ДУИ ги лажат граѓаните, а во реалноста нема реформи, нема проекти, има само поделби на тендери, крадење на државата, криминал и корупција.

— реклама —

Поради политиките на коленичење Бугарија излегува секогаш со нови барања, а Заев нема дно кое неможе да го допре.

И додека се колнат во ЕУ, зад кулисите прават криминал.

— реклама —

Османи и Заев ја уништија надежта за ЕУ.

— реклама —

Најавите дека сме добиле датум или само што не сме добиле, од врните луѓе во државата кои треба да важат за сериозни се смешни.

Ова се вика безсрамно лажење. За откочување на патот кон ЕУ, и реална интеграција потребни се промени, нова влада и нов почеток, а за тоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања