Османи: На пописот ќе се регистрираат сите независно дали живеат овде или во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
BUJAR-OSMANI

Вицепремиерот Бујар Османи за за „Клан Македонија“ најави дека ќе се попишуваат како жители на земјава и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.

— реклама —

„Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции“, рече Османи.

Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.

— реклама —

„И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на раздорот беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не“, истакна вицепремиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања