ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите оваа година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Osmani_Mogherini3

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, на која беа отворени темите за процесот на проширувањето на Унијата, како и перспективите на Република Северна Македонија пред претстојниот извештај на Комисијата, како и јунските состаноци на Советот на ЕУ.

— реклама —

„Покрај Договорот од Преспа, имавме огромен успех и во постигнувањето на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на јазиците, со што ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања“– истакна Османи, посочувајќи ја европската перспектива за основно гориво за овој успех, со што јасно се исцртува моќта на европската идеја за позитивна трансформација на општествата.

„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“- истакна Османи, пренесувајќи ѝ ги на Високата претставничка високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година.

— реклама —

„Почетокот на преговорите со Република Северна Македонија оваа година, покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион – како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап “ – додаде Османи, притоа посочувајќи особено на дијалогот меѓу Приштина и Белград, како еден од најважните политички предизвици во регионот.

За време на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи оствари средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), a ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“ како и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).

По завршувањето на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе отпатува за Виена, каде ќе учествува на состанок на Министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања