Промени тема
Контакт

Османи тврди дека Македонија не може да се грижи за македонското малцинство во Бугарија бидејќи е забрането со Договорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0500

Не треба само владите да комуницираат, туку сите власти, рече Бујар Османи за тоа како ќе се враќа довербата со Бугарија. Според него, пратениците на двете држави ќе треба да комуницираат бидејќи можеби овие прашања ќе завршат пред нив. Дополнително, мрежите на соработка треба да ги има и во комуникациите меѓу невладините и медиумите. Тој додаде дека со Декларација и Договорот од Бугарија, не дозволува Македонија да се грижи за Македонците во Бугарија бидејќи немаат македонско државјанство.

„Избришан е членот со кој се вели дека Македонија е должна да се грижи за македонското малцинство“, рече Османи кој посочи дека Македонците во Бугарија правата ги остваруваат пред судовите.

— реклама —
— реклама —

Смета и дека историската комисија мора да одржува средби и да ги реши отворените прашања.

— реклама —

„Надежта е дека со враќање на довербата ќе се охрабрат историчарите да влезат во процесот по научни методологии да доаѓаат до заеднички наративи. Не може еднаш да одлучите се брзо, а потоа да нема напредок. Се обидувам да не се мешам во историската комисија. Претседателот на комисијата треба да го предложи седмиот член, по оставката, а јас да го предложам во Владата. За целовкупниот процес, дали треба да работат или не, ние како Влада мора да го гарантираме процесот за имплементација на Договорот со Бугарија“, рече Османи по што додаде: „Историчарите да не коментираат политички прашања, политичарите да не коментираат историски прашања. Историчарите не смеат да зборат за процесот кој ги дефинира политичките прашања. Нема да реагираме никогаш за тоа што тие (историчарите) коментираат за нивната работа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања