Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Османи за Каракамишева: Не е достојна да не претставува во меѓународни институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
osmani

Вицепремерот Бујар Османи ги демантира трдењата на професорката Татјана Каракамишева дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.

Професорката Татјана Каракамишева, која е национален претставник во оваа меѓународна комисија на „Фејсбук“ напиша дека има сознанија дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.

— реклама —

Писмото е испратено од генералниот секретар на Комисијата, Томас Маркерт, и дека истото е адресирано до премиерот Зоран Заев и до вицепремиерот Бујар Османи.

„Писмото што го добив само го објаснува начинот на кој Венецијанската комисија одлучува и воопшто не се споменува прашањето за било каков притисок. Но, мојот став е дека и покрај моето позитивно мисење за професорката Каракамишева како правник, нејзините последни шовинистички ставови ја прават недостојна за претставување на земјава во било која меѓународна институција“ вели Османи.

— реклама —

Вицепремиерот Османи рече дека Законот за јазици не треба да се праќа на мислење во Венецијанската комисија се додека дел од ова тело е и професорката Каракамишева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања