„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осомничената антикорупционерка не поднела оставка - ќе остане ли Собранието со скрстени раце?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, нема поднесено оставка до крајот на вчерашниот работен ден. И покрај јавните повици дека седењето со скрстени раце ќе донесе уште поголем удар на институцијата - досега нема потег ниту од Собранието кое може да покрене постапка за нејзино разрешување. Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ и тоа информации од предмети на ДКСК.

— реклама —

„Ве известуваме дека до Државната комисија од страна на претседателката не е доставено известување за евентуална оставка“, велат од ДКСК за „Скопје1“.

Таа може да оди на работа, но не смее да има допир со предмети. По отворањето на случајот, нема информација дека се појавила. Реагираше и претходната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која рече дека Димитровска треба да преземе одговорност.

— реклама —

„Ова не е време за седење со скрстени раце. Собранието е на потег“, изјави Ивановска, повикувајќи на внатрешна проценка на ризици од корупција и зголемување на интегритетот во Комисијата.

Од Кабинетот на Африм Гаши пак, суптилно најавуваат дека нема да ја разрешуваат Димитровска, се додека наводите за нејзина вина не се потврдат во судска постапка.

„Доколку наводите се потврдат во судска постапка, ќе се иницира разрешување на Димитровска“, велат од Кабинетот на претседателот за неколку медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања