Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор: Судот му забрани да ѝ се приближува на претепаната Сара на помалку од 50 метри и му го одзема пасошот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-0650PM

Основниот суд во Охрид, на предлог на Обвинителството, му одредил мерки на претпазливост на Кристијан Корабоски, осомничен за физичкиот напад врз Сара Ѓорѓиевска, која по бруталното претепување заврши во болница.

Наместо притвор, судот по барање на обвинителот, одредил Корабоски да не смее да ѝ се приближува на Ѓорѓиевска на растојание помало од 50 метри.

— реклама —

Дополнително, од осомничениот треба да биде одземен пасошот, со забрана за издавање нов, а секој втор понеделник тој ќе има обврска да се јавува во судот.

— реклама —

Овие мерки биле побарани од надлежниот обвинител, а прифатени од Основниот суд во Охрид.

Како што претходно објавивме, Сара Ѓорѓиевска била физички нападната, а според неофицијалните информации, претепувањето се случило во автомобил, по расправија со нејзиното момче. Според истите сознанија, таа била оставена без свест на улица пред маркет, по што била пренесена во болница.

— реклама —

Полицијата на 15 ноември го лиши од слобода 31-годишниот осомничен, а Обвинителството првично информираше дека постапката се води за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од Обвинителството претходно посочија дека итно се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот, вклучително и проверка на сите релевантни околности.

Со судската одлука, на осомничениот му се ограничува приближувањето до оштетената и патувањето во странство, но не му се одредува мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhj6512ga0f1d7gmotCc

Савески најави обвинителска одлука за случајот со претепаната Сара од Охрид во текот на денот, не даде одговор дали постојат елементи за обид за убиство

Македонија | пред 37 минути

— реклама —
sud-ohrid

Ќе се проверува дали родителите на насилникот од Охрид пробале да влијаат со својата положба, за да добијат поповлен исход од постапката за претепаната девојка

Македонија | пред 1 час

IMG_4867

Насилникот од Охрид е пуштен на слобода, таткото на жртвата ќе добие кривична оти му се заканувал: познати детали од пријавата и постапувањето

Македонија | пред 2 часа

media-library2bg79bitcebr989lcH7

„Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања