Ќе и возвратиме на судбината со уште поголеми сили и ќе направиме сѐ за да си го вратиме тоа што ни припаѓа нам и вам, објавија денеска од компанијата „Тила“.
Производителите на детска гардероба кои се меѓу омилените на домашниот пазар, објавија нови фотографии од фабриката, која сега веќе е и целосно разрушена, но и покрај тешкотиите со кои се соочуваат, остануваат посветени да го вратат загубеното.
- Под ведро небо, целосно разрушени. Останаа само голи ѕидови и црна пепел која ја дишеме секој ден поминат тука меѓу овие ѕидови обидувајќи се да го вратиме она што го изгубивме.
Пожарот однесе сѐ, само не и нашата воља и надеж за подобро утре!
Ќе и возвратиме на судбината со уште поголеми сили и ќе направиме сѐ за да си го вратиме тоа што ни припаѓа само нам и Вам, а тоа е нашата иднина, нашата и Ваша ТИЛА!!!
Ви благодариме уште еднаш на сите за поддршката што ни ја давате! - напишаа сопствениците на официјалниот Фејсбук профил на компанијата.