Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација“, вели гостин за пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
puls-5

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.

— реклама —

Тој изјави дека во 02:32 часот биле активирани прскалките на сцената, момент кој, како што рече, е забележан и на видеото што го снимал.

„Ги снимав пејачите и на крајот од видеото се гледа како дел од таванот почнува да гори. Кога започна рефренот се вклучија прскалките и тогаш се запали дел од плафонот. Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација. Дури кога пејачот повика да излеземе надвор, почнавме да се упатуваме кон излезот“, сведочеше Миладинов, додавајќи дека според неговото набљудување токму од нив започнал пожарот.

— реклама —

Според неговото сведочење, пожарот многу брзо се проширил, а во објектот настанала голема гужва.

— реклама —

„Прво мислевме дека лесно ќе се изгасне и дека забавата ќе продолжи, но огнот брзо се ширеше. Температурата нагло се зголеми, беше многу жешко и загушливо, чадот беше густ и тешко се дишеше“, изјави Миладинов.

Во обид да излезе, успеал да ја помине првата врата, но кај втората почнал да губи свест.

— реклама —

„Некој ме фати и ме извлече надвор. Можеби беа луѓе од обезбедувањето, но не сум сигурен. Подоцна го слушнав гласот на мој другар кој бараше помош“, сведочеше тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 21 час

— реклама —
IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања