Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Останува сомнежот дека останаа на функциите за да прикријат докази, влијаат на сведоци, велат од ДПМНЕ за Филипче, Хасани и директорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Tetovo-6

СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти.

Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична.

— реклама —

Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса“.

— реклама —

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања