Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Оставката на Ристоска е жалост за „рекет обвинителите“, среќа за граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryotb16cm27li14teVFPA

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека нејзиното повлекување е „ден на жалост за рекет обвинителите, а ден на среќа за обесправените“.

Од партијата наведуваат дека Ристоска до неодамна тврдела дека е подготвена да застане на чело на обвинителството, но дека по неизборот ја сменила реториката и почнала да говори за притисоци и загрозен интегритет.

— реклама —

„Очигледно времето за кое зборувала важело само ако исходот е по нејзина мерка. Кога институциите не ја потврдија кандидатурата, визијата за независно обвинителство се замени со наратив за притисоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од таму прашуваат дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата против криминал и корупција може да се смета за кредибилна доколку зависи од личниот исход.

Партијата посочува дека Ристоска била дел од системот кој денес го критикува и дека ваквиот пристап, според нив, придонел за пад на довербата во правосудството.

— реклама —

Во реакцијата се споменува и поранешното Специјално јавно обвинителство, за кое од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека било поврзано со политички влијанија и злоупотреби.

„Јавноста има право да знае дали оваа оставка е принципиелен чин или политички перформанс“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на институциите им се потребни професионалци кои ќе работат доследно, без оглед на личните позиции и интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library01ole68m678n6k4HsnL

ВМРО-ДПМНЕ: Митовски ветуваше проекти, Крива Паланка доби нови долгови и нереализирани ветувања

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања