На 07.12.2021 во 20.30 и 20.40 часот во СВР Куманово двајца граѓани пријавиле дека на ул.„Иго Тричковиќ“ во Куманово биле оштетени гумите од нивните возила кои биле паркирани на улицата. Исто така, во периодот од 20.05 до 20.35 часот во СВР Куманово, седум граѓани пријавиле дека биле оштетени гумите од нивните возила паркирани на ул.„Народна Револуција“ и на ул.„Перо Шварц“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Оштетени гуми на девет возила во Куманово
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија