Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка е делот од селото што гравитира кон реката Вардар.

— реклама —

„Според проценката, куќите во овој дел се изградени на помалку од еден метар од коритото на реката, чиј водостој е на критично ниво и на одредени места веќе е излеан. Дополнително, поради зголемениот водостој се излеани и каналите што минуваат низ селото, што дополнително ја влошува состојбата на терен.

Од невремето се оштетени околу 500 објекти, од кои најголемиот дел се домови за живеење. Материјалната штета е значителна, а голем број семејства се соочуваат со сериозни последици од поплавите.

— реклама —

Како приоритетна потреба на населението е утврдена итна достава на хуманитарна помош. Помошта ќе опфати поголеми количини флаширана вода, бидејќи водата во селото е заматена и небезбедна за пиење, како и вкупно 500 пакети – 250 пакети со прехранбени производи и 250 пакети со хигиенски производи“, велат од Црвениот крст.

Во наредниот период ќе бидат достапни и телефонски линии за психосоцијална поддршка на погоденото население:

📞 072-239-077

📞 072-239-051

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Македонија | пред 3 седмици

media-library2b09m5rfok0825vZxjM

Поплави во Кичево, Сарај и Тетово: Екипите спасиле заглавени граѓани во Беловиште

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Критична ситуација во Гостивар и Кичево – поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани 220 лица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr3d7tn2112ete0IwLyv

(Видео) Кавадарци испрати помош за поплавеното Кичево: Две возила, шест пожарникари и пумпи за испумпување вода

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања