Промени тема
Контакт

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Непал: Повеќе од 1.300 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
poplavi-nepal

Бројот на загинати во катастрофалните поплави и свлечишта на границата меѓу Непал и Тибет се зголеми на 1.344, соопштија денеска непалските власти. Уште 4.996 лица се водат како исчезнати.

На кинеската страна од границата, во Тибет, во поплавите и свлечиштата загинале 16 лица, додека 546 се водат како исчезнати, пренесува АБЦ.

— реклама —

Во природната катастрофа, која се случи пред десетина дена, како исчезнати се водат и околу 70 американски државјани. Претходно, американскиот Стејт департмент соопшти дека 17 Американци биле спасени.

Спасувачките операции во погодениот регион продолжуваат. Досега, со помош на меѓународните спасувачки тимови, биле спасени околу 12.000 луѓе, додека медицинска помош добиле повеќе од 5.000 повредени.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август биле предизвикани од уривање на огромен дел од глечер, широк околу 600 метри. Глечерот се одвоил на височина од околу 5.200 метри и се движел со брзина поголема од 100 километри на час.

— реклама —

Ударот во долината предизвикал и потрес со магнитуда меѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој бил регистриран од сеизмолошките центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Силни дождови и поплави во Кенија – загинаа 108 лица

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjhm8as5ra8506PPuooj

(Видео) Хаваи погодени од најсилни поплави во последниве 20 години

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања