„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Остра реакција на официјална Тирана за последното убиство на Албанец во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tirana

По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешн работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.

— реклама —

„Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја“, стои во во реакцијата.

Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци" и во исто време се сочувствува со нивните семејства.

— реклама —

„ Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција“, се наведува во реакцијата.

Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Ова, според министертвото е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања