Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осуди говорот на омраза на денешните протести против новите мерки и вакцинацијата.
„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, објавија оттаму.
Реакцијата следува откако докторите беа наречени „убијци“ на протестите.
„Убијци, убијци“ ги нарекуваа докторите на протестот против мерките
Демонстрантите на протестот пред Собранието против вакцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како убијци, а пак, новинарите за нив се платеници. За нив, вакцините се експериментална инјекција. Повикаа на организација на платформа, односно да се формира здружение кое ќе покрене судски постапки, а да се продолжи и со протести.„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, Убијци, убијци. Уа!“.
Македонија | пред 4 години