Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.
Боки 13 е првообвинет за перење пари и измама, а Ременски, Мандиќ и асистентката се обвинети за помагање во извршување на кривичното дело. Таткото на Боки 13 е обвинет за помагање при Перење пари, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи откако во домот при претресот биле пронајдени нефункционални пиштоли за кои немал дозвола, а се останати од неговиот дедо.
Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.