Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Осуденици од затворот „Скопје“ присуствуваа на натпреварот Македонија – Словенија на арената „Тодор Проески“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Македонија
media-libraryl6s72lkul0as2jNFRIh

Осудени лица од КПУ Затвор „Скопје“ добија можност да го следат натпреварот меѓу Македонија и Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамки на групната фаза од Лигата на нации на УЕФА.

— реклама —

Посетата била организирана од затворот, а осудените лица биле придружувани од вработени во Секторот за ресоцијализација и припадници на затворската полиција.

— реклама —
— реклама —

Од Управата за извршување на санкциите посочуваат дека ваквите активности се дел од процесот на ресоцијализација, кој не подразбира само подготовка за враќање во општеството, туку и поттикнување надеж и верба во можноста за лична промена.

— реклама —

„Секој човек заслужува нова можност, а секој чекор кон промената има свое значење“, порачуваат од Управата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

siljanovska-davkova-2

Илинденски помилувања: Претседателката Сиљановска Давкова ослободи четворица осуденици, на уште четворица им ја намали казната

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања