„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осудениот поранешен судија: Давкова не го погледнала предлогот за мое помилување, патиштата со неа и Мицкоски тука завршуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
Pancevski-so-sudot-2

Осудениот поранешен судија, Владимир Панчевски, кој одговараше за АКМИС-системот, побарал од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да биде поминуван. Но, како што пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“, тој предлог не бил ниту погледнат, ниту таа била заинтересирана. Според него, за неа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски поважна работа била да се згрижи Павле Трајанов на функција.

— реклама —

ПОГОВОРКАТА ВЕЛИ:

“Ако не си со мене тогаш си спроти мене, ќе дојде ден кога ќе треба да се сретнеме и во очи да се погледнеме”

— реклама —

Иако Управата на Затвор Скопје пред два месеци даде предлог до Претседателот на државата за мое помилување на предлог на установата, претседателката Гордана Силјаноска Давкова инаку моја прва комшика предлогот воопшто не го ни погледнала, ниту се заинтересирала, но затоа првата споредна - најважна работа на Претседателката Силјановска и на Премиерот на Владата биле да се згрижи на функција Павле Трајанов долгогодишниот семеен пријател на Давкови и да се помилуваат некои анонимни лица како Миран Латиф и останати “заслужни” лица предложени од Ковид профитерот Игор Филков министер во широката коалиција СДС - ВМРО... (секако се радувам за Миран можеби заслужил човекот) за Павле нема да коментирам секој сам си го одбира друштвото во кое ќе биде. Само ќе се присетам дека до неодамна во владата на Зоран Заев истиот тој неколку пати гласаше да им се земаат имунитетите на пратеници од ВМРО за да може да бидат притварани, да не зборам за референдумот, договорот со Бугарија и т.н…

На споменатите им се заблагодарувам и им посакувам долг живот! Нашите патишта завршуваат тука! Имав можеби уште многу да напишам но ќе има и време и мегдан! Мојата казна во целост, без милост и условни отпусти и попусти кои никогаш нема да ги барам завршува за три ипол месеци, животот продолжува и не е само еден ден, еден мандат или функција! Животот сам ги чисти нечесните од твојот живот и продолжуваш понатаму.

Не сме сите исти, овој гест ќе го паметам до крајот на животот, а ќе го паметат и моите малолетни деца! Постов е напишан само за да сведочи за историски факти кој, кога, кому и зошто! Кој бил на чија страна! Каде биле пријателите, комшиите, соборците..“, напиша тој.

[caption id="attachment_298410" align="alignnone" width="1340"] Screenshot[/caption]

Инаку, секоја година, претседателот на Македонија за Илинден дава помилувања за осуденици, процедура која ја спроведува заедно со Министерство за правда, Комисијата и затворите.

Комисијата за помилување која е на чело со професорот Методија Каневчев даде зелено светло за помилување на 5 осудени лица – двајца се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна, а тројца делумно во траење од 2 до 4 месеци. Имињата од кабинетот не ги соопштија, но се обавени во одлуката во Службен весник, а меќу нив нема ниту едно познато за јавноста..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања