Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Осум лица приведени во полициски акции поврзани со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library361ic5plrg5k889hIIq

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатите два дена во повеќе одвоени случаи поврзани со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Струмица, полициски службеници го привеле 23-годишниот Н.М., кај кого била пронајдена марихуана. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени уште две пакувања со марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица.

— реклама —

Во село Боговиње, тетовско, пред угостителски објект биле приведени две лица на возраст од 38 години поради сомнеж за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во Прилеп бил лишен од слобода 30-годишен прилепчанец кај кого била пронајдена марихуана.

— реклама —

На подрачјето на Скопје, полициски службеници привеле четири лица. На Бит Пазар, кај 30-годишен скопјанец била пронајдена бела грутчеста материја, во Гази Баба кај 28-годишник била пронајдена марихуана, во Центар кај 24-годишник била пронајдена прашкаста материја, додека во Аеродром бил приведен 24-годишен државјанин на Турција кај кого била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни обвиненија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 9 часа

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 10 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања