Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги објави имињата на осум домашни набљудувачи на кои им се одземаат акредитациите поради прекршување на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.

— реклама —

Според претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, станува збор за лица кои во Општина Шуто Оризари биле затекнати во агитација во училиште, во непосредна близина на гласачките места. Меѓу нив се и кандидати во изборниот процес, меѓу кои Елвис Бајрам – кандидат за градоначалник во првиот круг, како и кандидатите за советници Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали.

Во списокот се и Валентина Бајрам, сестра на Елвис, како и Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.

— реклама —

Кондарко истакна дека набљудувачите го пречекориле своето овластување и го прекршиле Кодексот со непристрасно однесување и агитирање. ДИК го известила Министерството за внатрешни работи за случајот, а Општинската изборна комисија во Шуто Оризари ќе биде задолжена да им забрани влез во објектите каде што се одвива гласањето.

Покрај ова, ДИК денеска разгледуваше и два приговори поврзани со остварување на правото на глас. И во двата случаи – на Трајче Камчев од Центар и Ќемал Исмаилоски од Кичево – беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот.

Претседателот Кондарко додаде дека досега не е забележано ниту едно избирачко место каде на гласачите им било оневозможено правото на глас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 1 месец

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 1 месец

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 1 месец

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања