Вчера падна пресуда за случајот „Софтвери“ со која првообвинетиот, поранешниот генерален секретар Драги Рашковски доби осум години затворска казна.
Ова беше повод граѓаните да се пошегуваат и да ја споредат неговата осумка, со осумката од маицата на првиот вицепремиер, Артан Груби, која ја носеше на камен темелникот на изградбата на автопатот долж коридор осум.