Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Осумте пратеници ќе одлучат дали Груевски ќе остане пратеник или ќе оди во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rociste

Осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени ќе бидат главни во одлуката дали Никола Груевски ќе остане пратеник. Писмото испратено од судијката Добрила Кацарска до претседателот на Собранието, Талат Џафери е препратено до Комисијата за мандатно имунитетни прашања.

Доколку комисијата даде предлог до претседателот Џафери да биде одземен мандатот на Груевски, тогаш треба 2/3 односно 80 пратеници да гласаат позитивно, за одлуката да биде изгласана. Не се исклучува можноста други пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот, но главниот фокус е ставен на пратениците кои веќе не се дел од оваа пратеничка група.

— реклама —

Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска-Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ се пратениците кои гласаа „за“ отпочнување на уставните измени.

— реклама —

Поранешниот премиер Никола Груевски со две незавршени работи со помош на адвокатите поднесе молба до Кривичниот суд со која бара одложување на затворска казна. Едната од  нив е базирана врз основа на пратеничкиот мандат, вели неговиот адвокатски тим, но не откриваат која е втората незавршена работа на Груевски поради која поднесуваат молба.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања