„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осумте пратеници ќе станат дел од друго ВМРО? !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
BeFunky-collage

На пратениците исклучени од ВМРО ДПМНЕ ќе им бараат друг вмровски народен калап

— реклама —

Пратениците кои гласаа за договорот од Преспа сигурно ќе формираат своја пратеничка група, а како контраудар на ВМРО ДПМНЕ повисоки истанци и центри на моќ им подготвуваат и партиска рамка со вмровски народен предзнак - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори во центрите на моќта сконцентрирани околу власта.

Како што брифираат нашите извори, како една од опциите кои се разгледуваат е трансферирање на пратениците во ВМРО Народна Партија со што малиот коалиционен партнер на власта ќе стане поголем, а пратениците ќе добијат партиски закрила кои ќе им овозможат да се презентираат во јавноста како т.н. „Европско ВМРО“.

— реклама —

Разговори на оваа тема се водени со пратениците, а најалеку во разговорите отишол Љубен Арнаудов кој од денот на основањето на ВМРО ДПМНЕ , па се до пред три дена беше член на оваа партија и има контакти со членовите од тоа време кои се во други партии со предзнак ВМРО.

Со овој чекор Заев го зголемува мнозинството со цел кога ќе се менува уставот, да неможат Албнските партии да условуваат со амандмани, бидејќи БЕЕСА веќе најави дека ако не им се прифатат амандманите нема да гласаат за уставни измени.

ДОДЕКА ГИ ОБВИНУВААТ ЗА ПРЕДАВСТВО ТИЕ ПО ЦЕЛ ДЕН ГОСТУВААТ НА МЕДИУМИ

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „за“ се движат обезбедувани од полициска придружба и цело време даваат изјави за медиуми. Систематски се појавуваат пред камерите и повторуваат една иста теза: „ Дека тоа го направиле за доброто на сите, за единство, помирување и секако за Европска Македонија“, а поедини новинари упорно објаснуваат дека идеологијата на ВМРО е прозападна и про американска.

Ваквото упорно гостување по телевизиите каде пристигнуваат обезбедувани од полициски возила може да се протолкува само како подготовка на теренот за новата пратеничка група на европски ориентирани вмровци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања