Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уште еден нов прекршок ќе казнува „Сејф сити“, а засега бројни се казните и за погрешно престројување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryg5kifamjjbrl8N4R7B0
Илустрација / Скопје1 / МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави проширување на системот „Сејф сити“, посочувајќи дека освен брзо возење, преку системот ќе се констатираат и други сообраќајни прекршоци.

„И сега констатираме поголем број на прекршоци. Не е само брзо возење, туку и погрешно престројување, погрешно свртување, поминување на црвено светло“, рече Тошковски.

— реклама —

Тој додаде дека системот може дополнително да се унапреди со зголемување на бројот на прекршоци кои автоматски ќе се детектираат.

Според министерот, една од првите следни фази ќе биде санкционирањето на погрешното паркирање.

— реклама —

„Во делот на погрешно паркирање, тоа ќе е една од првите фази кои ќе бидат имплементирани“, кажа Тошковски.

— реклама —

Тој објасни дека во процесот ќе бидат вклучени повеќе институции и дека МВР сака внимателно да пристапи кон имплементацијата за да нема неправилности во казнувањето.

„Тука ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи е многуброен прекршок, не сакаме, при нецелосно утврдени правила на игра, да имаме казнување на граѓаните. Затоа сме внимателни во овој дел“, изјави министерот.

— реклама —

Како прв таргет за имплементација на системот ги посочи главните сообраќајници во Скопје.

„Прв таргет за имплементирање, односно детектирање, ќе бидат главните крвотоци во градот Скопје, односно булеварите“, рече Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 2 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 3 дена

media-libraryg5q25568gl3i5aJL4Wu

„Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен“, вели Тошковски

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања