Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Освен со хаос и криминал СДСМ нема со што друго да се пофали, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-3

Граѓаните на Македонија ги живеат најлошите години откако СДСМ е на власт, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ откако дојде на власт остава пустош зад себе, со својата неспособност го урна здравствениот систем, во обид е да го партизира образованиот систем, а создаде економска и енергетска криза.

— реклама —

Освен со хаос и криминал СДСМ нема со што друго да се пофали.

Празните соопштенијата на СДСМ се доказ дека ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со работа реализираа многу капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се започнати или се во фаза на реализација повеќе од 1090 проекти. Од нив над 160 капитални проекти, а започнати се со проектирање, реконструирање или градба и 33 градинки и 68 училишта.

— реклама —

За само 100 дена, 206 улици и патишта се изградени или реконструирани, а над 110 водоводни и канализациони мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат општините, промени кои ги чувствуваат сите граѓани.

— реклама —

За 100 дена ниту еден отчет од страна на градоначалниците СДСМ и ДУИ. Градоначалниците на СДСМ и ДУИ имаат нула реализирано проекти.

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и носат промени, граѓаните се сведоци на неработата на градоначалниците на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања