По веста која ја изнесе министерот за здравство Венко Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе, презентирајќи го Предлог-законот за прекинување на бременоста, на социјалната мрежа фејсбук се огласи Отец Ивица.
Тој својот статус го наслови : ОД свесно УБИСТВО, на држава и цел народ до убиство на неродени деца!
КОЈ ТОА НЕ УБИВА И ЗОШТО?
Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Отец Ивица.
1. Свесни ли сте што значи абортус во 22 гестациска седмица? Убивате 5 месечно бебе, оформено мало човече со рачиња, ноџињa, слух, лик…
2. Бебиња родени помеѓу 23 и 24та гестациска седмица можат да преживеат!
3. Постојат многу малку случаи каде абортус би имал логика, но легализирање на своеволна терминација на бременост? Промоција со кампања?
4. Има брачни парови кои со години се обидуваат да се остварат како родители. Не е ли подобро да го родиш и да усреќиш таков пар со посвојување? Зборувам за “несакана бременост”!
5. Повеќе ли ви се исплаќа да терате кампања за морталитет на нацијата наместо подобрување на животната средина и општеството каде треба да се родат и растат идните генерации?
6. “Мое тело, мој избор” – НЕ!
НЕ Е твое телото кое се отстранува од твоето тело со абортус!
———–
„Господ“ е најголем непријател на жената!“
Уранија Пировска
———-
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет:
„Колку деца ќе роди жената е нејзин избор!
„Господ“ (Што Уранија подразбира под „Господ“ е крајно нејасно) е најголем непријател на жената!“
Додека оваа докажана соросоидка од говорницата на Собранието на РМ отворено пропагираше за својата соросоидно – либерална идеологија и „вера“ припадниците на традиционалните верски заедници во РМ, МПЦ – ОА, ИВЗ, Римо-Католичката Црква во РМ и други беа спречени да учествуваат во расправата каде што се говореше за предлог закон кој треба да овозможи најбрутално ЧЕДОМОРСТВО по 22 гестациска седмица од бременоста!
Граѓани на Македонија кои сте членови на горенаведените традиционални верски заедници во Македонија – МПЦ – ОА; ИВЗ, РКЦ во РМ, ЕМЦ во РМ и останатите НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ претставници на краен морален разврат и безсовесни политичари да влијаат врз донесување на закони кои не само што се крајно нечовечки, туку се и БОГОХУЛНИ!
Секоја вера, освен личната духовна вертикала ја подразбира и нашата општествената одговорност, односно, ја подразбира одговорноста за сите оние кои, од оваа или онаа причина не се свесни за опасноста што ја поттикнуваат личности, организации и партии кои во својата суштина и програма се крајно АНТИТЕИСТИЧКИ, антитрадиционални, антивредносни, АНТИЧОВЕЧКИ! Личности, организации (фондации; невладини организации) и партии кои се против мистеријата и радоста на ЖИВОТОТ, кои ја слават САМОЖИВОСТА, лагата, перверзијата, изопаченоста……..
Денес, во Собранието на РМ, во домот на сите граѓани на РМ се пројави уште една компонента на окупацијата која е наша реалност, се пројави ликот на безбожната и перверзна соросоидно – либерална иделогија која изгледа длабоко продрела во умовите и мислите на претставниците од позицијата (сдс+дуи), но и во умовите и мислите на некои претставници од опозицијата – Даниела Рангелова!
Времето наше е темно, мрачно, црно, зашто и душите на повеќемина се во таа боја, НО, им станува веќе јасно на граѓаните на РМ дека по ноќта изгрева силно ден, но, за да изгрее тој ден треба сите нашите души да ги исполнуваме со светлина, со вистина, со љубов, со радост Божја, со вистината за животот која доаѓа од самиот Творец!
АКО и сега попуштиме, за многумина, особено за неродените деца, нема да има ДЕН, туку само темнина!
https://www.facebook.com/ivicatodor/posts/10214867075684932