Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Отфрлена кривичната пријава за оддавање класифицирани информации​ што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе против Шекеринска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ojo

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна. Јавниот обвинител утврди дека делата опфатени со кривичната пријава поднесена на 11 февруари не се кривични дела кои се гонат по службена должност.

— реклама —

Во пријавата се наведуваше дека првопријавената, како одговорно лице на институцијата не преземала мерки против второпријавениот, кој како службено лице кому му било доверено службено овластување да го менаџира безбедносниот мониторинг систем, со неизвршување на својата должност дозволил од тој систем да се изнесат и јавно да се објават класифицирани снимки, со што била нанесена сериозна штета на институцијата и на кандидат за пратеник на политичката партија – подносител. Според наводите во пријавата, четирите класифицирани снимки од безбедносните камери биле искористени за негативна медиумска кампања, а првопријавената имала обврска веднаш да побара тие да бидат повлечени и да покрене постапка за да се утврди кој е одговорен за нивната објава. Исто така, пријавената на својот Фејсбук профил објавила фотографија од класифицирана карта на АРМ, која претставува документ класифициран со степен ДОВЕРЛИВО. Второпријавениот, пак, на пресконференција објавил содржина на документ – сертификат класифициран со степен СТРОГО ДОВЕРЛИВО.

По извршениот увид во кривичните пријави, а со цел правилно утврдување на фактичката состојба, надлежниот јавен обвинител изврши проверки и достави барања за достава на податоци до наведената институција, па заклучоците ги донесе врз основа на прибавениот извештај, материјалната документација и целокупниот доказен материјал прибран во предметот.

— реклама —

Имено, беше утврдено дека записите од видеонадзорот во наведената институција се чуваат 30 дена по што автоматски се бришат, согласно Законот за заштита на личните податоци. Согласно наведеното, фактот дека предметните видео записи се направени на 02.12.2016 година укажува дека пропусти, како изнесување на тие записи и нивна објава можеле да се случат само во рок од 30 дена по снимањето т.е. во период кога овластување за ракување и менаџирање со безбедносниот систем имале други лица, а не пријавените. Дополнително, по инцидентот со објава на снимките во јули 2020 година, во институцијата била формирана комисија за да го утврди начинот на кој снимките излегле во јавност, но комисијата утврдила дека снимките веќе не се наоѓаат во системот за видео надзор, односно се избришани автоматски. Освен ова, со оглед на тоа што целиот систем за видео надзор не е класифициран согласно Законот за заштита на личните податоци, ниту снимките не можат да се сметаат за класифицирани.

По повод информацијата објавена на Фејсбук профилот на првопријавената за ангажирањето на Армијата во справувањето со кризната состојба прогласена во општина Дебар, објавената карта не е обележана со соодветен степен на класификација и не може да се смета за класифициран документ со степен „ДОВЕРЛИВО“. Во исто време, посочената објава не претставува ниту воена тајна чие објавување би било санкционирано со член 349 став 4 од Кривичниот законик.

Што се однесува до дадената изјава за медиумите од второпријавениот на 19 јануари, сите утврдени факти упатуваат дека во таа изјава не се содржани конкретни податоци кои посредно или директно посочуваат, опишуваат или даваат увид во содржина на документ кој би се сметал за класифицирана информација или воена тајна.

Во конкретниот случај, од доказите во предметот произлезе дека во дејствијата на пријавените не се содржани елементите од битието на конкретните кривични дела, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања