Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, споделувајќи фотографија од депонијата во Ново село, тврди дека силно ќе се бори против такви појави, откако, како што смета, ќе победи на изборите. Тој вели дека за 20 дена, однсоно по изборите, ова ќе биде минато.
„Силно ќе се борам против оваа појава на политиканство! Ова е сликано во моментов на депонијата во Ново Село додека Градоначалникот има настан за отчет, нели дека се направиле. Во истото време оваа депонија гори и ги гуши нашите сограѓани кои не можат од дома да излезат. За помалку од 20 дена ова ќе биде минато. Тие што сега депонираат отпад и ги трујат моите сограѓани ќе одговараат. А заедно со Данела Арсовска како тандем ќе го решиме овој горлив проблем. Здравје пред политика.Чиста средина пред профит. Доста беше!“, напиша Стојкоски.
Инаку, за оваа депонија во скопско Ѓорче Петров се алармира веќе две години. Но, до овој момент, не е дислоцирана. Градоначалникот на Ѓорче Петров, кој е повторно кандидат на СДСМ, никогаш не даде објаснување зошто никој не го реши овој проблем.