Шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, трет ден не се појави на работа. Во правната служба на СЈО нема доставено барање за одмор, ниту отворено боледување. Јанева не се појавила во СЈО од минатата недела.
Јанева во понеделникот даде оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Истиот ден, неколку часа подоцна, обвинителката Русковска изјави дека Боки 13 го користел своето влијание врз јавен обвинител за да олесни положба на едно осомничено лице во постапка што се водела против него.
Вечерта Обвинителството за организиран криминал ѝ го одзеде телефонот на Катица Јанева. Истрагата за која се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „Империја“, што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година.