Сепцијалистот по семејна медицина односно матичен доктор, Марија Михајлова, смета дека омаловажувањата на медицинарите за време на протестите ги преминало сите граници. Таа прашува: „Ова е 'фала'? Извици со 'убијци, убијци?'“.
„Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот. Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не.. Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља. Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите“, напиша д-р Марија Михајлова.
Реакцијата ја споделија и бројни други медицинари, но и граѓани кои ги поддржуваат докторите.
„Убијци, убијци“ ги нарекуваа докторите на протестот против мерките
Демонстрантите на протестот пред Собранието против вакцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како убијци, а пак, новинарите за нив се платеници. За нив, вакцините се експериментална инјекција. Повикаа на организација на платформа, односно да се формира здружение кое ќе покрене судски постапки, а да се продолжи и со протести.„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, Убијци, убијци. Уа!“.
Македонија | пред 4 години