Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Откако е на функција Јанева нема промени во имотната состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva

Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто.

— реклама —

Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена во имотот на децата, односно купено е половно Ауди А6 Кватро, потврдија за ИРЛ од Комисијата. Јанева не доставила договор за купопродажба на автомобилот, како што е согласно законот, но додала дека возилото е произведено во 2005 година и вреди 6.000 евра. Оваа промена е евидентирана во нејзиниот имотен лист на интернет страната на ДКСК.

Според имотната состојба која ја пријавила кога дојде на функција во 2015 година, Јанева е прилично задлолжена со кредити. Таа во 2014 и 2015 година подигнала три кредити во износ од 118.000 евра со период на враќање од 15 до 20 години. Јанева нема стан во Скопје. Но, има неколку сметки во банка на кои има вкупно 107.000 евра. Има куќа во Гевгелија, земјоделско земјиште во село Мрзенци, плац во село Конско и стар Ровер и Голф 4. И плата од околу 3.000 евра во СЈО.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања