„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Откако Пендаровски го потпиша законот за стратешки инвеститор, од ДКСК велат дека ќе го оспорат пред Уставниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20160610145505-1024x502

Од Кабинетот на Претседателот вчера соопштија дека Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.

— реклама —

– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението.

Претходно, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска на прес-конференција информираше дека по извршена антикорупциска проверка, е утврдено дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, според антикорупционерите, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

— реклама —

Како што најави Ивановска, ДКСК ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише Указот, а доколку го потпише ќе биде даден на Уставен суд. Ќе ги користат, најави, сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања