„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Откажана церемонијата за Надал, организаторите на Ролан Гарос објаснија зошто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт

Церемонијата во чест на Рафаел Надал на Ролан Гарос е одложена, а за тоа е виновен шпанскиот тенисер.

— реклама —

Сите мислат дека ова е последниот Ролан Гарос на кој ќе настапи Надал, но шпанецот неодамна изјави дека тоа не мора да е точно.

Поради ова, организаторите одлучија да ја одложат церемонијата, а директорката Амели Морезмо зборуваше за се.

— реклама —

„Како што можете да замислите, имаме нешто планирано за него. Но, бидејќи не знае дали тоа ќе биде неговиот последен Ролан Гарос или не, тој сака да ја остави отворена вратата за евентуално враќање следната година како играч. Значи, очигледно нема да го присилиме на ништо“, изјави Морезмо, а потоа додаде:

„Тоа е негова одлука кога сака да има соодветна церемонија, соодветно збогување. Значи, нема да го направиме тоа оваа година. Тоа е негова желба, иако бевме спремни да го притиснеме копчето доколку нешто се случи, очигледно ќе го почитуваме она што тој го сака и ќе се погрижиме да бидеме подготвени секогаш кога ќе сака. Подоцна оваа година, следната година, кога сака“.

Во првото коло на Ролан Гарос Надал ќе игра против германецот Александар Зверев и ќе биде вистински спектакл на „Филип Шатрие“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Шок: Рафаел Надал објави крај на кариерата!

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Најголемото тениско ривалство добива ново поглавје на Олимписките игри

Спорт | пред 1 година

nadal1

Надал во второто коло ќе игра против Ѓоковиќ

Спорт | пред 1 година

nadal-alkaraz1

Алкараз откри каков однос има со Надал пред Олимпијадата: Нов сум овде, само треба да молчам и да слушам

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања