Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Откриена голема измама на Јадранот: туристите стануваат мета на кражба на пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library4eoah6a0k1a2bT4NJMk

На хрватското приморје е откриена голема измама во која туристи добиваат лажни пораки преку WhatsApp со цел да им се украдат пари, пренесува Index.

Десетици илјади туристи кои имаат резервирано сместување во хотели на Јадранот овие денови добиле пораки во кои се бара да внесат податоци од банкарска картичка или да направат дополнителна уплата за сместување. Станува збор за измама која е поврзана со протекување на лични податоци на околу 100.000 гости, според неофицијални проценки.

Податоците, како што се наведува, најверојатно протекле од хрватската платформа Phobs, која се користи за управување со хотелски резервации. Украдени се имињата и презимињата, телефонските броеви, датумите на пристигнување и заминување, како и името на хотелот. Благодарение на овие информации, измамниците испраќаат убедливи пораки кои изгледаат веродостојно.

— реклама —
— реклама —

Хрватската Агенција за заштита на лични податоци потврдила дека е пријавен безбедносен инцидент поврзан со повеќе корисници и компании, додека од компанијата Phobs соопштиле дека преземаат мерки за истрага и заштита на системот.

Од компанијата наведуваат дека финансиските податоци не биле компромитирани и дека не станува збор за директен упад во системот, туку за безбедносен пропуст што се уште се анализира.

— реклама —

Платформата Phobs ја користат големи хотелски групации во Хрватска и регионот, а надлежните апелираат туристите да не одговараат на сомнителни пораки и да не внесуваат податоци од платежни картички.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Експлозија во куќа во Пула: Жена тешко повредена, пренесена со хеликоптер

Балкан | пред 3 часа

brza-pomos-hrvatska

Не ја прилагодил брзината, излетал од патот и загинал 24-годишен мотоциклист на лице место во Хрватска

Балкан | пред 5 часа

Hrvatska-policija-620x350

Пронајдено безживотно тело на 44-годишен маж покрај река во Хрватска

Балкан | пред 21 час

media-library50e40d2b4pqh6oOZoUQ

Хрватите го избраа најдепресивниот град во земјата: „Како да сте во Советскиот Сојуз“

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања