Промени тема
Контакт

Откриени две лица кои со лажни фотографии од деца собирале парични средства по основ на донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.

Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

— реклама —

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

— реклама —

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната https://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.

— реклама —

По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични  средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања