„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Откриено целото име и презиме на најмладата жртва на серискиот убиец – мислеле дека починала од алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

Семејството Мартиновски ја погребало 35-годишната Марија мислејќи дека починала од алкохол, но по ексхумација и обдукција било утврдено дека станува збор за насилна смрт. Таа претходно пријавувала во полиција дека осомничениот ја следи. Кобната вечер се јавила дома и рекла дека некој чука на врата и ќе се скрие. Судска медицина потврдила насилна смрт и кај друга жена во регионот, а се чека писмен извештај со ДНК анализи. Осомничениот е во 30-дневен притвор во затворот Куманово.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Семејството Мартиновски пред еден месец ја погребало својата 35-годишна ќерка. Мислеле дека смртта настанала поради алкохол. Обдукцијата по наредената ексхумација, покажа дека станува збор за насилна смрт. Жената пријавувала во полицијата дека осомничениот ја следи. Случајот со убиствата во Старо Нагоричане продолжува да ја вознемирува јавноста.

— реклама —

Џабе и правда да има и се да има и богатство да ми нудат и не знам што да ми нудат, јас го изгубив моето дете, по најскапата цена“-раскажува таткото на 35-годишната Марија, откако обдукцијата, по наредбата на обвинителството за ексхумација, покажа дека станува збор за насилна смрт.

Пред нешто повеќе од еден месец ја погребале својата ќерка, мислејќи дека смртта е предизвикана од алкохол. За трагедијата дознале од соседите. Живеела кај роднини во Старо Нагоричане. Се познавала со осомничениот и раскажувала дека ја следи.

Таа пријави дојдоа им рече на полицајците дека и досаѓа. Тие биле но тој не бил дома и не зедоа мерки овие полицајци од тогаш и ете сега трагедија. Кажавме на комшиките околу неа да одат да проверат дали спие или работи некаде, комшиките отишле да видат, вратите биле отворени, не заклучени викале по неа, но не се јавувала. Под јамболија ја нашле, покриена била. Кога отидовме беше полиција, потоа други доктори што проверуваат. Половина била покриена, полугола“, раскажува нејзиниот татко.

Кобната вечер неколку минути пред полноќ се јавила кај семејството. Некој чукал на вратите, рекла ќе се скрие. И кај неа и кај првата повозрасна жена од Челопек, судска медицина потврди дека станува збор за насилна смрт.

— реклама —

Се подготвува писмениот извештај и очекувам во најбрз можен рок најдоцна до понеделник обвинителството да го има наодот од обдукцијата и од ДНК анализите“, истакна директорот на судска медицина, Станков.

Обвинителството и останатите институции продолжуваат со истрагата. Се проверуваат неколку случаи.

Осомничениот е во 30 дневен притвор сместен во казнено поправната установа Затвор Куманово. Му бил извршен лекарски преглед и е во добра здравствена состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 1 седмица

uciliste-skolo-klup-2

Просветниот инспекторат во Челопек

Македонија | пред 1 година

2p0xs-14

Во Челопек деца парадирале со пушки и амблеми на УЧК: се праќаат инспекции, ќе има одговорност

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања