Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Откриено е колку ќе чини GTA 6

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-librarybk8l23aoas933MzRiwv
screenshot youtube

Најновото продолжение на популарната франшиза „Grand Theft Auto“, GTA 6, ќе чини 79,99 долари за стандардното издание, додека премиум верзијата ќе биде достапна по цена од 99,99 долари, објави компанијата Rockstar Games, пренесува Би-Би-Си.

Од компанијата соопштија и дека физичките копии на играта нема да содржат диск. Наместо тоа, во кутијата ќе се наоѓа код за дигитално преземање на играта.

— реклама —

По објавата, дел од фановите го доведоа во прашање значењето на купувањето физичка копија доколку во неа нема диск. Некои се прашуваат и дали ќе можат да ја препродаваат играта, како што е вообичаено со физичките изданија.

— реклама —

Сепак, цената од 79,99 долари, која е за 10 долари повисока од стандардните 70 долари за слични високобуџетни наслови, не предизвика толку големи реакции.

Преднарачките за GTA 6 ќе започнат на 25 јуни, а играта официјално ќе биде објавена на 19 ноември за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

— реклама —

Играчите кои ќе ги нарачаат дигиталните изданија однапред ќе можат да започнат со преземање на играта уште од 12 ноември, за да можат да играат веднаш на денот на излегувањето.

— реклама —

GTA 6 е една од најочекуваните игри во последните години. Нејзиниот претходник, GTA 5, беше објавен во 2013 година и досега има продадено речиси 230 милиони примероци ширум светот.

Новата игра ќе ја донесе и првата женска главна протагонистка во 3Д опкружување – Лусија, која заедно со Џејсон ќе биде еден од двата главни лика во приказната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања