Промени тема
Контакт

Откупени се скоро 50 отсто од договорената количина тутун, тврди Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tutun

Откупот на тутун тече во најдобар ред, вели Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Заклучно со 4 јануари 2022 година откупени се 10.522 тони на сите 173 откупни пунктови, со просечна цена од 191 денари од вкупно договоренaта количина од 22.137 тони.

Тоа значи дека се откупени скоро половина, односно 50 отсто од договорената количина.

Согласно Законот за тутун, откупот трае до 31 март, што значи дека динамиката на откуп на тутунот е добра.

— реклама —

За да нема никакви неправилности и малверзации при откупот, од самиот почеток на откупот Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, и ќе биде присутен се до завршување на откупот.

Истовремено, ја користам приликата да апелирам до тутунопроизводителите и целата јавност, да не наседнуваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ дека увозот на тутун го загрозува откупот на домашниот тутун.

Вистината е дека тутунопроизводителите секоја година склучуваат договори со откупните компании, каде компаниите се обврзуваат целокупниот произведен тутун кој е договорен, да биде откупен.

— реклама —

За реколтата 2021 склучени се 27.650 договори, за очекувано производство на околу 22.137 тони суров тутун во лист.

Тоа значи дека невозможно е домашниот тутун да остане неоткупен за сметка на увезениот, а дополнително, увезениот тутун воопшто не е од истите сорти и типови кои кај нас се произведуваат.

— реклама —

Дека ВМРО-ДПМНЕ се крајно лицемерни и нечесни говори и фактот што за време на нивното владеење исто така имало узвоз на тутун, а увезвените количини тутун биле и за двојно или тројно од количните кои се увезвуваат овие четири години.

СДСМ, Владата и инистуциите што ги предводи продолжуваат со вистинска грижа за сите земјоделци, остануваме посветени на помош и поддршка кон сите земјоделски гранки, особено кон производството на тутун од кое живеат десетици илјади семејства“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања