„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино - Мралино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
rekonstrukcija-Kadino-Mralino

Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

— реклама —

Станува збор за реализација на капитална инвестиција предвидена со стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026. Во рамки на проектот ќе се реконструира и санира локалниот пат во должина од 500 метри, широчина 5 метри. Дополнително во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат и изградба на нов тротоар. Со градежните работи покрај асфалтирањето ќе биде воспоставен и систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат, соопшти општина Илинден.

— реклама —

Увид во градежните работи на овој значаен патен правец денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите.

Со изградбата на улицата на граѓаните значително им се подобруваат условите за живот во нивното секојдневно функционирање. Се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места, велат од општина Илинден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

patronat-OOU-Risto-Krle-6

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања