Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Отстранети диви тезги кај Бит-пазар, запленети околу 500 килограми храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryi46i6d4v51r434jQvkf
Фото: Google Maps

Вонредна инспекциска контрола беше спроведена во раните утрински часови кај Бит-пазар, во координирана акција на Агенцијата за храна и ветеринарство, комуналните инспектори на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Контролата била насочена кон дивите продавачи на земјоделски производи кои биле поставени долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар.

— реклама —

Во акцијата биле отстранети сите диво поставени тезги, од кои најголем дел биле наменети за продажба на овошје и зеленчук. Инспекциските служби одзеле околу 500 килограми храна, главно земјоделски производи, а била отстранета и целокупната опрема за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во координација со комуналните инспектори на Град Скопје, против сторителите ќе бидат преземени соодветни прекршочни мерки.

— реклама —

Во одвоена акција, спроведена вчера во соработка со СВР Гостивар, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во селото Чајле заплениле 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Месото било нештетно уништено на депонијата „Русино“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања