Промени тема
Контакт

Отстранети диви тезги на влезот во Старата скопска чаршија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Општина Центар ги отстрани бесправно поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, со што е ослободен еден од најфреквентните делови во овој дел од градот.

Акцијата била спроведена во текот на ноќта по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи, по претходно извршен вонреден надзор. По донесеното решение, лицата самостојно ги демонтирале тезгите во доцните вечерни часови.

— реклама —

Со интервенцијата е расчистен просторот кој подолг период бил исполнет со импровизирани штандови за продажба на бижутерија и сувенири, што го нарушувале изгледот и го отежнувале движењето на пешаците.

— реклама —

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека ќе продолжат контролите и постапувањето против бесправно поставени објекти, со цел заштита на јавниот простор и културно-историското наследство.

— реклама —

Акцијата е реализирана со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија, а од Општината најавуваат засилени инспекциски контроли и во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања