Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Отворен фестивалот на класична музика Интерфест Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
244339099_150140247256187_716104036091746960_n

Во Народниот театар во Битола, синоќа започна 30-тото издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“ Битола. Посебна благодарница за неодминливата заслуга за возобновувањето и враќањето на сјајот на Офицерскиот дом како светилиште на музиката и културата и беше доделена на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

— реклама —

„Велат, сите науки гравитираат кон математиката. Сите уметности пак, гравитираат кон музиката. Можеби токму затоа кога зборовите не се доволни, звуците, музиката е таа која што ги надополнува. Нека овие денови музиката која што ќе ја слушаме, биде премостување помеѓу нашиот ум и нашите сетила, затоа што само така можеме да постанеме и да останеме човечни, токму со музиката. Нека ни е честито 30-тото

— реклама —

издание на Интернационалниот фесстивал на класична музика Интерфест Битола и честитки до организаторите, особено до Милица Шперовиќ Рибарски, кои сите изминати 30 години се вложија за ние како битолчани, да се гордееме со овој фестивал“, рече градоначалничката Петровска, која го прогласи фестивалот за отворен.

— реклама —

Благодарница му беше доделена и на на Благој Стефановски-Баге, постхумно, за неговиот придонес во основањето и поддршката на фестивалот, а ја прими неговиот син Бојан. Фестивалот е посветен и на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.

Организаторот Милица Шперовиќ – Рибарски, пред присутните говореше за најблескавите моменти од досегашните изданија на Фестивалот, неговите почетоци, како и за годинешната програма. Свеченото отворање беше заокружено со изведбтаа на операта “Палјачи“ од солистите и оркестарот на Македонската опера и балет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања