Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Отворена истрага против три лица кои со нож и се заканувале на жена и ја ограбиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле  внатре. Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје – нож во должина од околу 30 см и се заканиле  дека  непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања