Промени тема
Контакт

Отворена истрага за четворица осомничени за бомбашкиот инцидент во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против четири лица осомничени за инцидентот од 12 јули, кога на улицата „Охридска“ во централното подрачје на градот експлодираше рачна бомба.

По извршеното вештачење, проценетата штета на околните објекти и паркираните возила изнесува 405 илјади денари. Поради тоа, делото е преквалификувано од „Предизвикување општа опасност“ во „Тешки дела против општата сигурност“ според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Обвинителството утврди конкретна улога на секој од осомничените – едниот се товари за поттикнување, а останатите за соизвршителство и помагање. Со доказниот материјал е идентификуван и лицето што ја поседувало и активирало експлозивната направа – рачна бомба М-75, па против него е покрената истрага и за неовластено држење и тргување со оружје и експлозивни материи.

— реклама —

На тројца од осомничените веќе им е продолжен притворот од осум на 30 дена, додека четвртиот е недостапен за органите на прогонот од моментот на извршувањето на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

Пресврт по тепачката во Битола: Оној кој го влечеле по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

(Видео) Се појави снимка: Човекот најден мртов во дворот на битолската болница бил влечен низ чаршијата

Македонија | пред 2 седмици

media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvopd3jbhb68o9utjY3G

Почина Столе Здравевски, долгогодишниот вокалист на битолската група „Боеми“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања